четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Покана од бугарското МНР до Османи за одржување состанок на Мешовитата меѓувладина комисија

Покана од бугарското МНР до Османи за одржување состанок на Мешовитата меѓувладина комисија

Бугарското Министерството за надворешни работи вчера испратило покана до министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи за одржување на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија, според членот 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Како што соопшти денеска бугарското МНР, состанокот би се одржал на 9, 10 или 11 јули во Банско.

На состанокот, според соопштението на бугарското МНР, треба да се разгледа исполнувањето на Договорот за добрососедство во изминатиов период, и да се превземат мерки за подобрување на двостраната соработка во сите сектори.

Најнови вести