сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Покрената иницијатива: „Поддршка за Зоран Заев да остане на чело на СДСМ“

Покрената иницијатива: „Поддршка за Зоран Заев да остане на чело на СДСМ“

Претседателот на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски, преку социјалните мрежи покрена иницијатива за поддршка на Зоран Заев.

Костовски апелира до сите социјалдемократи во државата за безрезервна поддршка за Заев да остане на лидерската позиција во СДСМ.

„Јас Мартин Костовски претседател на ОО СДСМ-Куманово, од денеска покренувам иницијатива кај сите социјалдемократи во државата за поддршка на претседателот Зоран Заев. Недвосмислена и безрезервна поддршка да остане на лидерската позиција во СДСМ. Искрено и чесно, одговорно и храбро, многу дадовме за овие 5 години за Македонија, за СДСМ“, апелира Костовски.

Најнови вести