недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полицаецот кој беше пронајден мртов бил член на единицата „Лавови“ и учесник во воениот конфликт

Полицаецот кој беше пронајден мртов бил член на единицата „Лавови“ и учесник во воениот конфликт

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника при ПС Прилеп, изврши увид на местото во близина на локалниот пат село Беловодица-село Дрен, каде вчера попладне беше пронајден мртов 45-годишен полициски службеник вработен во Полициска станица во Прилеп.

Како што информираат од Основното јавно обвинителство, лицето е пронајдено во лежечка положба до неговото возило, со прострелна рана во главата и службениот пиштол во раката.

Притоа јавниот обвинител издал наредба за подигање на предмети и траги кои можат да послужат како доказ и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта.

-Извори на 1ТВ брифираат дека се работи за самоубиство. Службеникот бил вработен во единицата „Лавови“  и како што дознаваме учествувал во конфликтот во 2001 година. Нашите извори велат дека полицискиот службеник бил на боледување последниве неколку месеци бидејќи имал нарушена психофизичка здравствена состојба, објави телевизијата.

Најнови вести