вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полицајци спасија 67-годишна жена од водите на Вардар

Полицајци спасија 67-годишна жена од водите на Вардар

Полициски службеници денеска спасија жена од водите на Вардар.

-Денеска во 10.16 часот, веднаш по добивање на пријава во СВР Скопје дека има женско лице во р.Вардар, во близина на хотел во Скопје, полициски службеници од интервентната полиција влегле во водите на Вардар и ја извадиле жената, на која веднаш ѝ е пружена прва помош, информира МВР.

Потоа 67- годишната жена е пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, при што не биле констатирани повреди.

Најнови вести