среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата добила 3 пријави за славење Нова Година од поголема група луѓе

Полицијата добила 3 пријави за славење Нова Година од поголема група луѓе

Во текот на ноќта МВР костатира осум прекршоци од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

-На 31.12.2020 во 18.40 часот на ул.„Иван Козаров“, пред угостителски објект, поради нарушување на јавниот ред и мир приведени се М.Н.(18) и И.Д.(18) и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Констатирани се и 29 прекршоци за неносење лична заштита, информираат од полицијата.

На подрачјето на СВР Скопје во текот на новогодишната ноќ евидентирани се три пријави за прославување на новогодишната ноќ од поголема група луѓе, и тоа на подрачјето на Карпош во стан на бул.„Партизански одреди“, на подрачјето на Центар на бул.„Илинденска“ и на подрачјето на Бит Пазар, во Старата чаршија.

По комплетно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Најнови вести