понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата казни 289 возачи за брзо возење

Полицијата казни 289 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (18.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 289 возачи.

Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 175 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Најнови вести