Министерството за внатрешни работи набави нови 40 етилометри (познати уште и како дрегери) кои ќе бидат предадени на сообраќајната полиција за санкционирање на возачите што управуваат возила под дејство на алкохол.
Од МВР велат дека по неодамнешната набавка на 50 модерни, технички високо-софистицирани радарски уреди, продолжуваат со опремувањето на сообраќајната полиција со цел уште поголемa безбедност на патиштата.
-Токму возачите кои управуваат возило под дејство на алкохол се причинители на голем број тешки сообраќајни незгоди и затоа нивното санкционирање е еден од приоритетите на сообраќајната полиција. Сега сообраќајната полиција има 145 етилометри, за разлика од само осум етилометри во 2017 година, велат од МВР.