среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата „удри“ по возачите: Тетово и Гостивар на мета

Полицијата „удри“ по возачите: Тетово и Гостивар на мета

Денеска од 15.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово беше спроведенс засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 76 возачи.

Од нив 19 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а шест со дури над 70 километри на час над дозволеното.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Притоа, на територијата на ОВР Гостивар се преземени 20 мерки, а на територијата на Тетово 56 мерки. За возење со брзина поголема од дозволената во населено место санкционирани се 48 возачи, а надвор од населено место 28 возачи.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.

Најнови вести