понеделник, 18. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Полицијата во текот на вчерашниот ден на овој автопат казни 65 возачи за брзо возење

Полицијата во текот на вчерашниот ден на овој автопат казни 65 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (03.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 65 прекршоци. Од нив, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Најнови вести