сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО МАКЕДОНИЈА: Еве кои граѓани ќе може да се движат по улиците од 22 до 05 часот наутро!

ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО МАКЕДОНИЈА: Еве кои граѓани ќе може да се движат по улиците од 22 до 05 часот наутро!

Почна полицискиот час кој ќе трае до 05 часот изутрина. Во овој временски период движењето е ограничено, а од Министерството за внатрешни работи најавуваат засилени контроли.

Полицискиот час ќе трае до 22 март. Одлуката вчера ја донесе Владата на предлог од Комисијата за заразни болести која очекува дека со една ваква рестриктивна мерка ќе се намали бројот на заболени и хоспитализирани лица.

Ограниченото движење нема да важи на оние граѓани кои имаат потреба од итна медицинска помош, за економските оператори чија работа е 24 часовна, за патниците кои доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, како и за транспортерите на лица и на стока.

Полициски час беше воведен и минатата година како рестриктивна мерка за спречување на ширењето на Ковид-19.

Најнови вести