сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полициски екипи и денеска на терен, се пребаруваат водите на Вардар каде вчера излета автомобил

Полициски екипи и денеска на терен, се пребаруваат водите на Вардар каде вчера излета автомобил

Од осум часот утринава полициски екипи повторно се на терен на местото каде вчера од водите на Вардар беше извлечен автомобил „Голф“ со кумановски регистерски ознаки.

Од СВР Тетово за Курир велат дека потргата по возачот и евентуалните сопатници продолжува и интензивно се работи на терен.

-Се пребарува теренот од мостот до последната точка во Јегуновце кај браната. Полициски службеници се на терен, а интензивно се работи на целосно утврдување на сите поединости поврзани со случајот, вели за Курир портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Дел од медиумите вчера објавија неофицијални информации дека возачот е 22 годишен кумановец, син на сопственикот на автомобилот.

За потсетување, вчера автомобилот Голф 4 со движејќи се на патниот правец с. Желино кон Тетово, паднал од мостот на реката Вардар во надојдените води на речното корито на реката.

Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време истото во природен јаз е пропаднато и визуелно не се гледало. Возилото со помош на градежни машини беше извадено, а вклучени беа и нуркачи во потрагата по патникот/ците од возилото.

Најнови вести