понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Полицискиот радар „фати“ 141 возач за брзо возење

Полицискиот радар „фати“ 141 возач за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (08.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 141 возач.

Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 100 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 41 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Најнови вести