Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Дарко Каевски не може да се испере од одговорност со самото тоа што суспендира раководители на сектори и ги обвинува за неговите грешки.
-Дарко Каевски стои како уредник на збирката за млади поети и со тоа ја има директната одговорност за настанатиот скандал кој е полн со шовинизам и говор на омраза. Според Член 50 став (1) од законот за организација на органите на државната управа, Директорот кој раководи со орган на државната управа, директно одговара за сопствената работа и работата на органот со кој раководи пред Владата на Република Македонија, изјави Сергеј Попов, член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
Тој порача дека граѓаните бараат одговорност од директорот на АМС!
-Младите се засегнати за скандалите кои се случуваат во Агенцијата за млади и спорт. Каевски е директор на институцијата која ги пушти овие таканаречени творби во промет, а истите се делеа во дневните весници за времетраење на викендот, изјави Попов.
Попов порача дека Дарко Каевски мора да си поднесе оставка, и да биде за пример за секој еден носител на јавна функција кој со народните пари ќе финансира шовинизам, сексизам и говор на омраза.
-Одговорност мора да има. Дарко Каевски за само 10 месеци ја уништи Агенцијата за млади и спорт. Младите заслужуваат и повеќе и подобро, изјави Попов.