сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Попов во интервју за Курир: Заедно со младинската сила креираме конкретни проекти и решенија за отворање нови младински работни места

Попов во интервју за Курир: Заедно со младинската сила креираме конкретни проекти и решенија за отворање нови младински работни места

– Сведоци сме изминатиов период дека младите во Република Македонија беа на некој начин брутално изнаманипулирани од моменталната власт, беа ветувани брда и долини, одлично високо образование, одлично средно образование, студентски домови, студенстки градови и ред други мерки со кои што они планираа да ги задржат младите овде во Република Македонија, меѓутоа сведоци сме дека тоа беше една голема лага бидејќи Универзитетот Св.Кирил и Методиј не се наоѓа ни во првите 1000 универзитети на Шангајската листа. Една од причините кои што може да ги напоменам се лошите реформи во високото образование и во средното образование, издвојувањето од буџетот на Република Македонија од само 0,1 до 0,2 проценти од буџетот за универзитетите во Република Македонија. Ова се само една од основните причини зошто нашите универзитети не нунад квалитетно образование со кои што младите луѓе може да ги направиме да бидат компетентни на пазарот и да можат да се натпреваруваат на пазарот на трудот со своите врсници од странство.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој говореше и дека оваа власт не се грижи за студентите.

– Морам да издвојам неколку работи преку кои Социјалдемократскиот сојуз покажа тотална негрижа за младите,а тоа е зградата пред која претходниот претседател на Социјалдемократската младина, Дарко Каевски најави студенстки град, веќе неколку дена, 5/6 дена, баш во таа зграда ние немаме топла вода. Сведоци сме дека беше ветен студентски град и нови студентски домови. Тие студентски домови никаде ги нема. Оваа година беше малку специфична поради Ковид кризата и исто така морам да заклучам студентите не се најдоа во суштинскиот фокус на власта за решавање на проблемите со кои што тие се соочија. Сведоци сме дека во студентските домови капацитетите на сместување се намалени, тоа е поради мерките поврзани со ковид пандемијата. Меѓутоа, не се најде решение што ќе се прави со останатите студенти кои што треба да патуваат од другите градови до Скопје, напротив се укина и оној бесплатен студентски превоз со воз кој што студентите го користеа од другите градови за да стигнат бесплатно до градот Скопје за да си завршат некои свои обврски околу студирањето и слично.

Околу укинувањето на дисперзинираните студии исто така отвара проблем и прашање каде е грижата на оваа власт за студентите. Едно е да се манипулира пред избори и да сака да се дојде на власт преку бранот на незадоволството на младите и да бидат истите изнаманипулирани за ситни политички поени, а друго е навистина да се сака нешто да се направи. Младите беа брутално изнаманипулирани и оваа власт за жал морам да констатирам дека не прави апсолутно ништо за да ги реши нивните суштински проблеми, слушаме само празни фулскови.

Попов во интервјуто за Курир откри дека заедно со младинската сила подготвуваат, односно креираат визија за млади.

-Тоа е проект преку кои ние внатре во партиските органи, и самите како Унија на млади сили ќе искочиме со конкретни проекти и конкретни решенија и како да се отворат нови младински работни места, меѓутоа со конкретни проекти и конкретни решенија, а не со демагогија за пред камери и празни реченици за во јавноста.

Во процес сме на реализирање на таа визија на млади, штом ја подготвиме ќе искочиме и се обврзуваме дека ќе им понудиме на младите опција која што може да ја одберат за да останат овде во Република Македонија.

Целото интервју за Курир може да го проследите во продолжение:

Најнови вести