вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Поради криминогени зделки и неисполнување на ветеното на Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ во целост се оградува од нејзиното однесување и градоначалниците од партијата нема да присуствуваат на нејзините настани“

„Поради криминогени зделки и неисполнување на ветеното на Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ во целост се оградува од нејзиното однесување и градоначалниците од партијата нема да присуствуваат на нејзините настани“

Градоначалничката Арсовска денес промовираше проект во општината Гази Баба кој беше поддржан од мнозинството на советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје, а на кој од неразбирливи причини не беше поканет градоначалникот, Боби Стефковски со чија соработка се работи на проектот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поради немањето на соодветна и нормална комуникација што треба еден градоначалник на Град Скопје да ја има за добробит на градот, како и поради неисполнувањето на обврските од ветеното од програмата „За модерно Скопје, поради кој и беше дадена довербата на градоначалничката Арсовска, но и нејзината силна инволвораност во сомнителни и криминогени зделки ВМРО-ДПМНЕ во целост се оградува од однесувањето на Арсовска и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствуваат на ниту еден настан на градоначалничката Арсовска.

Нека и е честито новата коалиција на уценетата Арсовска и дезертерот Ковачевски, додаваат од партијата.

Најнови вести