Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег провејува во Крива Паланка, но не се задржува на коловозот.
Како што информира АМСМ, намалена видливост поради појава на магла до 20 метри има на планинскиот превој Стража и од 70 – 100 метри на планинскиот превој Плетвар.
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.