недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Важно известување за патниците кои се превезувале во автобусот кој се запали кај Стража

Важно известување за патниците кои се превезувале во автобусот кој се запали кај Стража

Секторот за внатрешни работи Тетово ги известува граѓаните-патници кои денеска (1 септември) се превезувале со автобусот во кој настанал пожар во близина на месноста Стража”, а на кои им се изгубиле, оштетиле или им изгореле нивни лични предмети, тоа да го пријават во најблиската полициска станица.

Граѓаните се упатуваат, исто така, доколку имаат забелешки на однесувањето на некој полициски службеник кој во тоа време го обезбедувал местото на пожарот или учествувал во увидот, да поднесат претставка до Секторот за внатрешна контрола, професионални стандарди и криминалистички истраги за да се преземат адекватни мерки.