Неспособноста на власта, сама по себе претставува безбедносен ризик за граѓаните“, зборуваме за хуманата, за онаа индивидуалната безбедност на граѓаните бидејќи неколку пати се случува поради недостатоци, пропусти на практикувањето на власта, односно на нефункционалноста на системот и на институциите кои го сочинуваат тој систем да ние имаме ситуација во која невини граѓани губат животи, така беше во Тетово кога на крај се испостави дека прекидач, продолжен кабел го предизвикало пожарот, истакна вечерва во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија универзитетскиот професор по одбрана и безбедност Александар Нацев.
-Да почнеме конкретно за овој случај и да ја вратиме плочата малку наназад. Бугарите излегоа со обвинители и форензичари, но во тој момент не се осудија кажат зошто икако се случила несреќата. Потоа, ние имавме една мини дипломатска офанзива, пратставници на власта се вклучијаво расветлување на случајот, па дури во еден момент и правдање на фирмата која што беше превозник. Кога се откри дека фирмата е регистрирана во Бугарија на адреса на која се регистрирани триесетина други фирми, на адреса на некоја постара жена, тогаш и бугарската страна почна да ретерира во изјавите. Пред некој ден, нивниот обвинител беше во посета на Македонија, а нашиот републички обвинител имаше неколку запрепастувачки изјави, една по друга каде кажуваше, кои биле причините, па кои не биле, па толку жртви, онолку жртви, за на крај да имаме една конфузна ситуациј во која не знаеме што точно се случило и која полека кај нас граѓаните буди сомнение дали воопшто ќе се открие што се случило, рече Нацев.
Имаме еден ланец на трагични настани, она кое што континуирано се повлекува низ сите тие немили трагични настани е неспособноста на власта и лошото менаџирање вели Нацев.
-Ако се вратиме назат, ова не е прв случај, ние имаме еден ланец на трагични настани. Еве да не одиме многу далеку, да почнеме од несреќата во Ласкарци, преку оваа несреќа, преку болницата во Тетово… значи ние можеме да препознаеме една константа која што повлекува на сите овие случувања. Значи она кое што континуирано се повлекува низ сите тие немили трагични настани е неспособноста на власта и лошото менаџирање. Ќе извадам една теза која што и порано ја имам кажано „Неспособноста на власта, сама по себе претставува безбедносен ризик за граѓаните“, зборуваме за хуманата, за онаа индивидуалната безбедност на граѓаните бидејќи неколку пати се случува поради недостатоци, пропусти на практикувањето на власта, односно на нефункционалноста на системот и на институциите кои го сочинуваат тој систем да ние имаме ситуација во која невини граѓани губат животи, дециден е Нацев.