среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради рехабилитација на мост, целосно затворен за сообраќај патниот правец Лакавица – Неготино

Поради рехабилитација на мост, целосно затворен за сообраќај патниот правец Лакавица – Неготино

Од денеска целосно се затвора за сообраќај патниот правец Лакавица – Неготино поради рехабилитација на мост, соопшти Авто мото сојузот на Македонија, повикувајќи се на информација од Дтг Жикол Дооел Струмица.

Оваа делница ќе биде затворена во времетраење од пет месеци.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози и наместа со остатоци на кашест снег.

Најнови вести