четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Поради Заев и СДСМ и нивното лошо менаџирање со здравствено-економската криза, повеќе од сигурно бројка на невработени надминува над 55.000 лица“

„Поради Заев и СДСМ и нивното лошо менаџирање со здравствено-економската криза, повеќе од сигурно бројка на невработени надминува над 55.000 лица“

Денес СДСМ реагираше на изјавата дека до сега бројот на невработени се зголемил за 55.000 лица. Во реакцијата стои дека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и дека бројот е многу помал од тоа. За да види јавноста кој шири лажни вести во прилог е табела со официјални податоци за бројот на невработени лица од Агенцијата за вработување на Република Македонија. Имено, според овие податоци бројот на невработени лица во јануари е 104.409 додека во ноември тој број е 155.218, што значи зголемување за 50.809, ова преку статус на Фејсбук денеска го пишува Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дополнително, ако се земе фактот дека во декември многу фирми ставија клуч на врата и гинотпуштија своите вработени поради лошото менаџирање со здравствено-економската криза, повеќе од сигурно е дека таа бројка надминува над 55.000 лица. СДСМ фрустрирани од неспособноста да за справување со економските последици од кризата и неможност да ги сокријат овие поразителни податоци, кои не се обични статистички податоци, туку егзистенцијално прашање за илјадници наши граѓани, се обидуваат да манипулираат со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Денес СДСМ реагираше на изјавата дека до сега бројот на невработени се зголемил за 55.000 лица. Во реакцијата стои дека…

Posted by Комисија за економија на ВМРО – ДПМНЕ on Сабота, 09 јануари 2021

Најнови вести