вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поранешниот министер за финансии од СДСМ и претседател на Собранието против договорот на Заев за ново име

Поранешниот министер за финансии од СДСМ и претседател на Собранието против договорот на Заев за ново име

Односот на Македонија во преговорите со земјите соседи и попуштањата кои ги прави, не им се допаѓаат и на истакнати членови на СДСМ, како што е поранешниот министер за финансии и претседател на Собранието, Никола Поповски.

-За да сфатиме на која несериозна основа се водат државните преговори со Бугарија и Грција требаше да дојде до денешната катарза, во која имаме срамни лицитации и одобрување на подбивни имиња за сопствената татковина и најнепријателски изјави на високи бугарски функционери кои се ситат нашата целосна политичка изгубеност и си тераат свои агенди. Им дозволија заеднички да се сликаат, смеат и прегрнуваат истовремено додека тие се подбиваат со нас и секојдневно не навредуваат. Или прекинете го натамошното понижување и исмејување или повлечете се од тој процес, напиша на Фејсбук Поповки.

Најнови вести