вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Посебен сообраќаен режим денеска на патот Охрид-Св.Наум

Посебен сообраќаен режим денеска на патот Охрид-Св.Наум

СВР Охрид известува дека денеска (09.05.2023 година-вторник) од 17.00 до 23.30 часот, поради движење на возила под придружба, посебен сообраќаен режим на сообраќај ќе има на регионалниот патен правец Охрид-Св.Наум.

-Заради отстапување приоритет во нивното движење, ќе има повремени задржувања на сообраќајот и комбинирано последователно пропуштање на останатите патнички и други моторни возила.

Апелираме до граѓаните за разбирање и почитување на наредбите од полициските службеници, се вели во соопштението на охридската полиција.

Најнови вести