петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Посебен сообраќаен режим кон Галичник поради „Галичка свадба“

Посебен сообраќаен режим кон Галичник поради „Галичка свадба“

Секторот за внатрешни работи Тетово ги информира граѓаните дека денеска (16 јули) и наредните два дена, сабота и недела (17 и 18 јули) ќе воведе посебен сообраќаен режим кон мијачкото село Галичник, каде ќе се одржи традиционалната манифестација „Галичка свадба“.

Во рамките на истиот, вечерва од 20 до 1 часот по полноќ се забранува движење на возила низ селото, утре забраната ќе биде на сила од 18 до 22, а во недела од 7 часот и 30 минути до 15 часот.

-Поради тоа, на граѓаните им се советува нивните возила да ги паркираат на наменски одредената локација за паркирање, на влезот на Галичник. Им се укажува, исто така, целосно да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници и редарските служби, а мештаните од Галчичник возилата да не ги оставаат на пат, туку во дворовите пред нивните куќи, со цел да не се создаваат непотребни сообраќајни мешаници, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира денеска, утре и задутре, да не се изведуваат никакви градежни или други активности на потегот од Брана до Галичник, за да се овозможи непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во двете насоки.

Најнови вести