петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа се очекува да пристигнат за еден час

Посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа се очекува да пристигнат за еден час

За околу еден час се очекува да пристигнат двата авиона од Бугарија со посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа што се случи на 23 ноември.

Можно е извесно пролонгирање на слетувањето на авионите поради временските услови.

Како што потврдија за МИА од Владата, предвиено е церемонијата околу транспортот на телата на Скопскиот аеродром да почне во 10.55 часот.

Ќе присуствуваат претрседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот Љупчо Николовски, министрите Бујар Османи, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Благој Бочварски, пратеници и поглаварот на Исламската верска заедница.

Најавено е присуство и на странски делегации.

Сообраќајната несреќа се случи на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул. Загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени.

МИА

Најнови вести