среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поставено неисправно полициско возило во Арачиново – здравјето на полициските службеници ставено во опасност ?

Поставено неисправно полициско возило во Арачиново – здравјето на полициските службеници ставено во опасност ?

Ова е службеното возило на Полициското Одделение во Арачиново.

Според информациите до кои дојде КУРИР во ова возило скоро пред една година двајца полициски службеници ќе ги изгубеа своите животи од загушување со СО2 па беа приморани да лежат на клиниката за токсикологија по недела дена, поради тоа што истото е технички неисправно односно асуспухот му бил делумно скинат во пределот кај граната и преку системот за загревање (парното) гасот влегувал во возилото.

ИЗворите за КУРИР говорат дека откако повторно се воведе полициски час истото возило е поставено на полицискиот пункт и дека се уште не е исправно технички, не е во возна состојба и истото скоро месец дена е без гориво и не е запалено, а истото е поставено таму бидејки на пункт мора да има обоено полициско возило, а полицајците се приморани да седат во сопствени возила и да трошат бензин од сопствениот џеб за да се стоплат!

Најнови вести