вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Постои реален сомнеж дека средствата предвидени од владата, согласно досегашната практика ќе завршат во фирми блиски на СДСМ кои го поддржуваа Заев во антидржавните политики“

„Постои реален сомнеж дека средствата предвидени од владата, согласно досегашната практика ќе завршат во фирми блиски на СДСМ кои го поддржуваа Заев во антидржавните политики“

Единствениот економски план на владата е планот за зголемување на банкарските сметки на фирмите на Заеви и на Кочо Анѓушев. Обичните граѓани живеат се полошо. Додека сите земји во регионот и Европа бележат значителен раст на бруто домашниот производ, Владата предводена од Зоран Коте Заев ја урниса економијата. Со зголемувањето на акцизите, со континуираните задолжувања и расипничкото трошење на народните пари, осиромашуваат и државата и граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Најавите за зголемување на даноците се уште еден удар кој ќе значи дополнителен товар кој ќе ги дестимулира младите и успешни луѓе и ќе влијае на влошување на бизнис климата. Мерките кои ги промовира оваа влада нема да придонесат за раст на економијата и служат само за дефокусирање од неуспесите на економски план и распродажбата на највисоките национални интереси, стои во реакцијата и се додава:

„Постои реален сомнеж дека средствата предвидени од владата, согласно досегашната практика ќе завршат во фирми блиски на СДСМ кои го поддржуваа Заев во неговите антидржавни политики“.

Најнови вести