вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Потпретседателот на СДСМ, Битиќи: Потребно е помирување со Груевски и да се обезбеди бројка на пратеници

Потпретседателот на СДСМ, Битиќи: Потребно е помирување со Груевски и да се обезбеди бројка на пратеници

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи говори за помирување и ублажување на казни и вели дека уставните измени нема да се гласаат додека не се обезбедат бројките. На ова Битиќи се осврна во вчерашното гостување во емисијата Клик плус што се емитува на телевизија 21.

На прашањето може ли тоа да биде еден од начините власта да се пазари со гласови во замена за враќање на Никола Груевски, Битиќи вели дека е подготвен за доброто на државата да се согласи со условите што му се поставени.

Битиќи вели дека е „првиот што седнува и зборува за помирување“. Истакна дека е за помирување со Груевски.

-Ако резултатот од тоа помирување може да донесе појасна иднина за државата и идните генерации кои треба да живеат овде тогаш треба да се зборува за тоа, вели Битиќи кој на прашањето пак дали тука мисли и на враќањето на Груевски Битиќи додава:

„Да, да. Помирувањето може донекаде да ја ублажи казната“.

Најнови вести