недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПОТРАГАТА ОТЕЖНАТА: Прослава во Грција се претвори во кошмар за туристите од Македонија

ПОТРАГАТА ОТЕЖНАТА: Прослава во Грција се претвори во кошмар за туристите од Македонија

Поради мракот, отежната е потрагата по двајцата Македонци во Посиди.

Тројца пријатели од Македонија кои славеле роденден сакале да се забавуваат и да пливаат на познатата плажа „Мити“ во Посиди, на Халкидики, пркосејќи им на силниот ветер и големите бранови, објави грчкиот весник „Прототема“.

Најмладиот меѓу нив, кој е на 25-годишна возраст, бил пронајден со помош на сурфер кој нурнал во водата, додека се уште трае потрагата по неговите двајца пријатели кои имаат 28 и 30 години.

– Роденденската забава се претворила во кошмар за тројцата туристи кои се забавувале на плажата, кога решиле да се приближат до многу опасен дел од брегот и да се нурнат во морето, наведува грчкиот весник, додавајќи дека некои од присутните на плажата веднаш ги известиле надлежните.

Под координација на Заедничкиот координативен центар за пребарување и спасување, на местото пристигнале брод на крајбрежната стража, патролно возило, хеликоптер на воздухопловните сили, два приватни чамци и волонтери по што почнала акцијата за спасување на исчезнатите туристи.

– Местото е премногу опасно и затоа локалното население никогаш не оди таму. Имаше многу бранови и ветер и во тој момент се спојуваат струите на двете мориња и тоа е многу опасно, изјавила градоначалничката на Касандра, Анастасија Чалкија, нагласувајќи дека штом ќе се стемни ќе биде тешко да се продолжи со потрагата.

Грчките медиуми истакнуваат дека потрагата по двајцата македонски државјани ќе продолжи вечерва со пловечки и патролен чамец на крајбрежната стража, како и два приватни чамци.

Најнови вести