Се уште се бара исчезнатиот Петар Џобоски, информираат од МВР за КУРИР.
Седми ден полицијата, противпожарна единица и граѓани трагаат по исчезнатиот Петар на кого му се загуби секаква трага во петок (25.02) попладнето од селото Врбско.
Не даде резултат и досегашната полициска потрага, потрагата од доброволци, од спасувачката служба, на пожарникари, со хеликоптер, но интензивната потрага продолжува.
Дирекцијата за заштита и спасување ги засили тимовите влучени во потрагата по детето Петар Џубоски со стручни лица и од Македонски Брод и од Тетово, освен со колеги од Битола, Прилеп и Скопје.
Ангажирани се сили и обезбедени се АТВ – мотори и специјални возила. Вчера припадник од Тимот за спасување од високи објекти од ПОЗС- Прилеп во јамата на напуштениот рудник „Партизанка“ се спушти во длабочина до 70 метри, а каде никој не влегол веќе 40 години.
Тимовите на ДЗС денеска почнаа со потрага од 8 часот.