Повеќе од еден тон нафта се украдени од товарни возила и градежни машини во Кавадарци и Росоман, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Вчера во Полициската станица во Кавадарци се пријавени кражби на гориво од седум товарни моторни возила и неколку градежни машини паркирани на улиците „Северен булевар“, „Западен булевар“ и „Видое Смилевски – Бато“ во Кавадарци и во Росоман, појасни Додевски.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.