Од 1-ви јануари во поголемиот број на општини низ земјава ќе се зголемуваат трошоците за вода. Граѓаните ќе добиваат повисоки месечни трошоци од 20 до 30 денари.
Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека зголемувањето на цената е минимално за граѓаните, но ќе биде од голема корист на јавните претпријатија. Новите цени ќе стапат во сила од први јануари иднава година, откако одлуката на Регулаторна ќе помине во општинските совети.
-Главна новина во овие реформи е тоа што покрај цените на водата за пиење кои ние ги определуваме и онаму каде што има одгледување на вода или популарно кажано канализација, сега за тоа се одредува посебна тарифа, исто така се определува посебна тарифа и за прочистителните станици, рече Марко Бислимовски претседател на РКЕ.