понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повредените во Романовце се уште во критична состојба, две жени со над 80% изгореници

Повредените во Романовце се уште во критична состојба, две жени со над 80% изгореници

Во тешка и критична состојба се тројцата пациенти кои се хоспитализирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ по експлозијата на плинска боца во кумановско Романовце.

Директорот на ТОАРИЛУЦ Хасани денеска информираше за состојбата на повредените, хоспитализирани се тројца пациенти, две жени на возраст од 35 и над 50 години и еден маж на возраст од 65 години.

-Двете жени се во тешка и критична состојба. Се бориме со максимални сили да ја стабилизираме нивната состојба. Се работи за тешки изгореници со над 80 проценти, додека мажот е отприлика со изгореници од 45 проценти. Тројцата пациенти се на апарати за вештачко дишење со тешка и критична состојба, истакна Хасани.

Синоќа на КАРИЛ на повредите им подлегна 60 годишен маж. Тој е четвртата жртва од експлозијата на плинска боца во семејната куќа во која вчера загинаа деца на возраст од 8, 9 и 11 години.

Најнови вести