Денеска повторно нови дојави за бомби.
Според неофицијалните информации со кои располага Курир, дојави за бомби утринава пристигнале на електронската адреса на повеќе објекти.
Меѓу објектите се скопскиот аеродром, ТЦ Ист гејт, ФФМ, хотелот „Александар Палас“ и СЦ „Борис Трајковски“.
Од МВР ни одговорија дека наскоро ќе излезат со информации по однос на пријавите.