вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повторно се огласија од ЈК Травел, агенцијата добила извинување од хотелот

Повторно се огласија од ЈК Травел, агенцијата добила извинување од хотелот

Од туристичката агенција ЈК Травел денеска повторно се огласија со соопштение во кое велат дека агенцијата воопшто не е поврзана со недоразбирањето што се случило во хотелот Олеа Гарден, во Грција.

-Ве информираме дека гостите кој се сместени во Хотел Олеа Гарден се во своите соби и продолжуваат со својот одмор како што и првично имаат резервирано и уплатено. Најодговорно тврдиме дека ниеден момент никој од нив не беше оставен на улица и не остана никој без сместување. Сите гости остануваат во хотелот во кој имаа уплатено за својот одмор.

За ова недоразбирање кое настана, а кое нема никаква врска со ЈК Травел , доказ е и извинувањето, кое го добивме од хотелот, во кое се негира било какво бркање на гости од собите и, секако, извинување до нас, како партнерска агенција.

„Почитуван партнер ЈК Травел! Се извинуваме за било какво недоразбирање направено во комуникација со Вашите гости и рецепцијата. Ви гарантираме дека одморот на ниту еден Ваш гостин не беше прекинат во хотелот Олеа Гарден на ниту една минута. За истото може да Ве известат и самите гости во било кое време. Искрено се надеваме на добра идна соработка.“

Во прилог на ова ви го доставуваме и дописот, односно извинувањето кое го добивме од хотелот Олеа Гарден. Нашето работење е максимално професионално, а тоа го докажува фактот дека ние сме агенција која постои 16 години и никогаш досега не сме се соочиле со ваква состојба, бидејки, задовлството на нашите клиенти секогаш било и ќе остане приоритет во нашето работење, велат од ЈК Травел.

Најнови вести