Попладнево, избувна пожар на депонијата Вардариште, која поради временските услови за многу брзо време стигна до куќите на граѓаните.
-На повик на граѓаните заедно со советници од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба излеговме на лице место, и алармиравме за брза реакција на институциите. Благодарение на брзата реакција на граѓаните, се спречи оганот да ги зафати куќите!, пишува претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на Фејсбук.