Попладнево избувнал пожар во Нов Дојран и брзо зафатил поголема површина со сува вегетација, пренесува Тв Вис.
Две противпожарни единици и вработени во комуналното претпријатие на Општина Дојран се трудат огнот да не се префли на приватните имоти во околината, но поради ветрот и сончевото време се создале услови за проширување на површината под оган.
Во тој простор има голем број викендици, но и куќи на локалното население.