среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Пожари беснаат низ државата, а власта не може да се организира да изгасне еден пожар“

„Пожари беснаат низ државата, а власта не може да се организира да изгасне еден пожар“

Пожари беснаат низ државата, а власта не може да се организира да изгасне еден пожар, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Институциите не реагираат на време и големи површини со шума горат од неажурноста на власта. Како и за се до сега потребно беше јавноста и медиумите да реагираат, за институциите да почнат да работат. СДСМ се однесува неодговорно и не води грижа за земјата, велат од партијата.

Од таму апелираат до власта во периодот што иде да покаже поголемо ниво на организација и да реагира правовремено при справување со потенцијалните пожари или друг вид непогоди, кои се веројатни во овој период од годината. Секоја ненавремена реакција ги чини граѓаните пари и оштетен имот.

Најнови вести