недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пожарникарите го донесоа Дедо Мраз на Детската клиника – на среќата на децата и нема крај! (ФОТО)

Пожарникарите го донесоа Дедо Мраз на Детската клиника – на среќата на децата и нема крај! (ФОТО)

Дедо Мраз со помош на пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје денеска дојде да ги израдуваа децата хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести.

Точно во 9 часот, возачот на противпожарното возило ги вклучи сирените во чест на децата во болница и го најави доаѓањето на Дедо Мраз.

Дечињата, подароците ги пречекаа на терасите на Клиниката, заедно со нивните родители, директорката на Клиниката Аспазија Софијанова и целиот медицински персонал.

Најнови вести