сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пожарот во атарот на штипското село Доброшани се движи кон Брегалница

Пожарот во атарот на штипското село Доброшани се движи кон Брегалница

Пожарот во атарот на штипското село Добршани оди во правец кон реката Брегалница. Градоначалникот на Штип, Сашко Николов, за МИА изјави дека благодарение на интервенцијата на пожарникарите огнот ги нема зафатено куќите, кои дел се и стари и напуштени.

-Немаме штета на објекти, ниту пак повредени во овој пожар. Во моментов девет пожарникари, заедно со командирот на ТППЕ-Штип, се во атарот на селото Доброшани и таму тие го гасат пожарот, рече Николов.

Во атарот на селото Криви Дол пожарот е локализиран, но на терен се триесетина припадници на АРМ, пожарникари од Штип со едно возило. Николов вели дека и на овој дел нема штети, а пожарот во близина на оваа село е локализиран рано утрото.

Овој активен пожар почна вчера попладнето од светиниколското село Богословец, каде што изгореа неколку напуштени куќи, земјоделска механизација, во текот на ноќта се префрли од другата страна на ридот и ги зафати атарите на светиниколското село Кадрифаково и на штипските села Криви Дол и Доброшани.

Изгорена е сува треба и има зафатено и површини со борова шума. Директорот на Центарот за управување со криз, Стојанче Анггелов на прес-конференција денеска посочи дека пожарот е настанат од искрење на електричен столб.

Најнови вести