петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пожарот во Тетово е ставен под контрола

Пожарот во Тетово е ставен под контрола

Пожарот во магацинот на Македонија Табак во Тетово е локализиран и нема опасност од негово ширење, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Последните мерења покажале дека нема отровни гасови во воздухот и децата од Тетово утре се враќаат на настава.

Ангелов информира дека во моментот има многу чад, но дека пожарот е незначителен. На местото каде цел ден имаше огнена стихија, остануваат само тетовските пожарникари.

Пожарот избувна утрово во објектот кој се наоѓа во близина на центарот на градот.

Причината за избувнување на пожарот засега не е позната, а се претпоставува дека станува збор за сериозна материјална штета.

Најнови вести