Центарот за управување со кризи информира дека пожарот што денеска се појави на пладне во месноста Скараница, Виничко, беше за неколку часа изгаснаст од пожарникарите од Виница и дел од месни жители.
– Директорот на Центарот за управување, Стојанче Ангелов, беше на лице место на терен при што искажа благодарност и им оддаде признание на пожарникарите за брзата и успешна реакција за локализирање и гаснење на пожарот за неколку веднаш по неговото појавување околу 12.00 часот. Инаку, од огнот беше зафатена површина околу 10 до 15 хектари од мешана шума и трева, а и еден овоштарник со сливи. Дежурна екипа од виничките пожарникари ќе внимава за да не се разгори, стои во нивната објава на Фејсбук.