среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пожар кај депонијата во Ново Лисиче, нема опасност за ширење

Пожар кај депонијата во Ново Лисиче, нема опасност за ширење

Пожар избувнал кај депонијата во скопската населба Ново Лисиче денеска околу 13 часот, а по интервенцијата на противпожарните служби е ставен под контрола.

-Пожарот е редуциран, противпожарната служба интервенираше со три возила и сега е надвор од опасност за ширење, информираа за МИА од Противпожарната бригада на Град Скопје.

Со пожарот, како што посочија, се зафатени сува трева и стари гуми.

Најнови вести