Вработени во „Македонски шуми“ и пожарникари преземаат мерки за да го локализираат шумскиот пожар кој претпладнево избувна во близина на селото Речане, гостиварско.
Според инфромациите од Ценатрот за управување со кризи, пожарот бил пријавен на телефонскиот број 112, а на местото била испратена една екипа од тројца пожарникари и едно ПП возило.
-Првичните информации говорат дека гори висока сува трева, нискостеблестао дерградирана шума, но има зафатено и мал простор со висока шума, информираат од ЦУК.
По пријавувањето на пожарот во атарот на селото Речане е стапено во контакт со Национални шуми- Подружница Шар-Гостивар, кои веќе испратиле на терен екипа со нивни вработени и пристапиле кон гаснење на пожарот. (МИА)