четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пожар на планината Серта

Пожар на планината Серта

Гори нискостеблеста шума на планината Серта во атарот на штипското село Селце. Зафатени се околу 20 хектари.

Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека пожарот е на непристапен терен, а во моментов на терен се седумина пожарникари со две возила.

Инаку пожарот доаѓа од правец на Општина Неготино, а дојавата штипските пожарникари ја добиле околу 18 часот.

Според Коцев станува збор за голем пожар, очекува во текот на утрешниот ден да се интервенира од воздух.

Најнови вести