четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пожар вечерва во Волково

Пожар вечерва во Волково

Голем пожар избувнал попладнево во скопско Волково, каде дел од куќите биле зафатени, но за среќа на време изгасени, а жителите биле видно исплашени, објави ТВ Сител.

Пожарот почнал покрај реката Лепенец, каде кејот е полн со ѓубре. Огнот потоа брзо се проширил поради ветрот ја зафатил сувата трева и околните дрвја, а стигнал и до првите куќи.

Жителка на Волково за Сител, сведочеше дека многу брзо огнот стигнал до нив и дека да не биле пожарникарите се ќе изгорело.

Другите жители сведочеа дека постојано покрај Лепенец се трупа отпад, таму се пали, но во вакви временски услови, кога е суво, а има ветар, постојано се под закана од пожар.

Најнови вести