сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пожарот кај Дојран ставен под делумна контрола, Ер тракторот не полетал поради силниот ветер

Пожарот кај Дојран ставен под делумна контрола, Ер тракторот не полетал поради силниот ветер

Воспоставена е делумна контрола врз пожарот кај Дојран, пред селото Николиќ.

Ова го објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој посочи дека во Дојран храбрите и пожртвувани пилоти на големиот полициски хеликоптер досега извршиле повеќе од 9 налети прецизно фрлајќи ја водата врз најкритичните точки и со поддршка на локалните пожарникари воспоставиле делумна контрола врз пожарот и ги изгаснале најкритичните точки и краци.

Додава дека заради силниот ветар и очекуваното невреме на авионот „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Контролата на летање не му било дозволено да полета кон Дојран.

Пожарот кај Дојран го гаснат пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и екипи на ЈП „Национални шуми“.

Инаку, според последните информации од жители на селото Николиќ, ветрот се смирил и не го потпомага ширењето на пожарот.

Најнови вести