сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пожарот на Шар Планина уште е активен, интензивно се работи на гаснење на огнот

Пожарот на Шар Планина уште е активен, интензивно се работи на гаснење на огнот

Втор ден од појавата на шумски пожар на падините на Шар Планина помеѓу селата Горно и Долно Јеловце, локални жители, вработени и доброволци интензивно работат на гаснењето огнот. Според информациите од Националниот парк „Шар Планина“ опожарено е пасиште со површина од околу 100 хектари и изгорена е сува трева.

Од ЦУК информираат дека вчера пожарот во бил локализиран и изгасен, а околу пладне била добиена е дојава од граѓанин дека пожарот во атарот на селото Дебреше повторно се реактивирал.

– Огнот зафатил пасишта и ливади со висока сува трева,  нискостеблесто деградирано и ниска смрека. На терен се заминати 6 вработени од НП „Шар Планина со две теренски возила. Во гаснењето се вклучени и 10 тина мештани од селотом наведуваат од ЦУК.

Вчера, Регионалниот ЦУК Гостивар извести дека од пожарникарите од ТППЕ Гостивар добиле информација за пожар во Горно Јеловце што е под надлежност на НП „Шар Планина“ кои со ренџерска екипа почнале со гаснење

Во првата акција, огнот бил локализиран, но во текот на ноќта, пожарот повторно бил активиран. (МИА)

Најнови вести