четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пожарот што избувна во Зелениково се простира во атарот на три села – еве каква е состојбата

Пожарот што избувна во Зелениково се простира во атарот на три села – еве каква е состојбата

Пожарот што избувна попладне на територијата на Општина Зелениково се простира во атарот на селата Смесница, Ново Село и Страхојадица.

-Еден крак од пожарот е активен во насока на село Смесница, помеѓу селото и пожарот има висока сува трева која може да изгори бргу. Нашите напори се насочени да се обезбеди селото со заорување на критичното место пред селото и правење на изоран појас преку кој пожарот нема да може да помине, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Од ЦУК претходно информираа дека е локализиран пожарот над Ајватовци  во Општина Илинден, што беше активен  два дена откако доцна попладнево беше ставен под контрола и вториот крак.

Пожар има и во атарот на Студеничани на непристапен терен. (МИА)

Најнови вести