сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пожарот во Илинден станал опасност за селото и манастирот: Градоначалникот Георгиевски на терен, состојбата ќе се следи цела ноќ

Пожарот во Илинден станал опасност за селото и манастирот: Градоначалникот Георгиевски на терен, состојбата ќе се следи цела ноќ

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски вечерва е излезен на терен на местото каде со часови има пожар.

-Пожарот зафати над 100 хектари шума, особено борова шума. Имаше критични ситуации кога беше загрозен манастирот во Ајватовци и селото Ајватовци. Благодарение пред се на граѓаните кои дојдоа, но пред се на пожарникарите, на ЦУК, кои заедно со хеликоптерите помогнаа во гаснењето на овој пожар, колку-толку се локализираше и сега е под контрола. Но, пожарот уште е активен и опасен, се надеваме дека ноќта ќе биде тивка и нема да се разгори дополнително да ги загрози имотите и жвотите на нашите граѓани, рече градоначалникот на Илинден.

Георгиевски посочи дека во текот на целата ноќ ќе се следи состојбата.

 

Најнови вести