МВР информира дека вчера од страна на полициски службеници од СВР Скопје, Единица за економски и компјутерски криминал, по оформен предмет минатата година во ОЈО Скопје во врска со лица поврзани со групата ,,Јавна соба”, и издадени наредби во текот на вчерашниот ден од надлежен јавен обвинител, лишени се од слобода М.П.(21) од Скопје и Д.К.(32) од Скопје.
Лицата, информира МВР, се уапсени заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело,, „производство и дистрибуција на детска порнографија” по чл.193-а од Кривичниот законик. М.П. и Д.К. како креатор и администратор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм ги сториле делата во периодот од 19.12.2019 до 28.01.2020.
Во овој случај, МВР, како и до сега, постапи по барање на надлежен јавен обвинител и лицата се предадени на ОЈО за натамошна постапка.